Достапни линкови

Лондон: Средба на членките на контакт групата за Косово во вторник


Министрите за надворешни работи на земјите членки на контакт групата за Косово ќе се состанат во вторник во Лондон. На состанокот, кој се одржува пред почетокот на преговорите меѓу Белград и Приштина за идниот статус на Косово, извештај треба да поднесе специјалниот пратеник на Обединетите Нации Марти Ахтисари. Контакт групата ја сочинуваат Соединетите Држави, Русија, Германија, Италија, Франција и Велика Британија.
XS
SM
MD
LG