Достапни линкови

Сирија: Задоволство од победата на Хамас на палестинските избори


Сирија денеска изрази задоволство од резултатите на палестинските парламентарни избори, според кои, победи милитантното движење Хамас. Сириските државни медиуми истакнуваат дека палестинскиот народ го избрал патот на отпорот. Американскиот претседател Џорџ Буш вчера најави дека поради победата на Хамас, Соединетите Држави би можеле да ја прекинат помошта за палестинците. Американската финансиска подршка за палестинците за оваа година беше предвидена на над 230 милиони долари.
XS
SM
MD
LG