Достапни линкови

Стразбур: Австрија домаќин на дводневна конференција за ЕУ


Австрија е домаќин на дводневната конференција во чиј фокус е Европскиот Устав. Настанот се случува во Стразбур и коинцидира со одбележувањето на 250 годишнината од раѓањето на еден од најголемите светски композитори Вофганг Амадеус Моцарт. Францускиот премиер Доминик де Вилпен во денешниот клучен говор треба да го истакне овој настан како Гласот на Европа кој ќе ги потикне европските лидери, интелектуалци и автори да дебатираат за иднината на европската интеграција. Австрија како преседавач на Европската Унија се залага за оваа дебата по сомневањата кога гласачите во Франција и Холандија го отфрлија Уставот на Унијата.
XS
SM
MD
LG