Достапни линкови

Хамас соопшти дека освоил апсолутно мнозинство?


Исламското милитантно движење Хамас соопшти дека освоило апсолутно мнозинство на вчерашните парламентарни избори на палестинските територии. Претставникот на Хамас Сами Абу Зухри во Газа соопшти:

„Хамас освои над 75 места во парламентот, па според тоа, ќе започне консултации со политичките партии, со претседателот Махмуд Абас и со браќата од Фатах за политичко партнерство.“

Палестинската изборна комисија најави дека во текот на денов ќе ги соопшти официјалните резултати, но премиерот Ахмед Куреи веќе поднесе оставка и изјави дека новата влада треба да ја состави Хамас.

„Тоа е избор на народот и треба да се респектира.“

Соединетите Држави соопштија дека влегувањето на Хамас во палестинската власт ќе има последици врз мировниот процес, а Израел најави дека нема да прифати палестинска влада во која е Хамас. Но, Европската Унија денеска изрази готовност за соработка со каква било палестинска власт која ќе се залага за мирно решение на блиско-источниот конфликт.
XS
SM
MD
LG