Достапни линкови

Разгледување на состојбите пред да се одлучи дали да се инвестира во Македонија или Полска


Претставниците на Џонсонс Контролс денеска се сретнаа и со премиерот Владо Бучковски, а за време на престојот во Македонија посетија и неколку капацитети во земјава.

„Ние сме во процес за да донесеме одлука за голема инвестиција во областа на електронски производи и одлуката е дали да се оди во Полска или Македонија. Разговаравме за можна поддршка, услови за ваква инвестиција и наидовме на голем интерес.“

Изјави потпретседателот на компанијата и генерален менаџер за Европа, Јужна Африка и Јужна Америка, Беда Болзениус. На прашањето кој по разгледувањето на условите нуди подобри услови, Македонија или Полска, тој вели:

„Па тоа не е бел или црн одговор и не се споредува еден со друг. Полска се соочува со други проблеми за разлика од Македонија, затоа ние ги разгледуваме условите во двете земји, прашањето е да се видат сите параметри и да се споредат во однос на исплатливост во бизнисот. Мислам дека во целиот нов европски пазар конкуренцијата е присутна и се разгледуваат сите услови, како земјиштето, трошоци за транспорт, за логистика, инфраструктура и сето тоа мора да се среди и да биде на меѓународно конкурентно ниво.“

Дилемите кај Џонсон Контролс меѓу двете земји се тоа што првично Полска понуди плаќање на придонесите за вработените за пет години, а Македонија за три. Но, по денешната средбата во Владата велат подготвени сме да го пролонгираме тој рок на повеќе години и од конкурентите. Во еден период од разговорите беше отворено и прашањето за купување на дел од земјиштето во слободната зона Бунарџик, но според прописите во земјава странец не може да купи, но земјиштете може да му биде дадено само под концесија. Она што е проблем, посочуваат од Владата, е вработувањето на шестотини високобразовани кадри за работа во овој вид на индустрија, Македонија нема таков ресурс. Претставниците на Џонсон Контролс останува уште еднаш да ги разгледаат условите пред бордот на компанијата и да донесат одлука дали дестинација за инвестицијата ќе биде Македонија или Полска. Одлуката најавија дека ќе биде донесена за две до три недели. Инаку станува збор за компанија со околу 12 илјади вработени, а минатата фискална година заклучно со септември ја завршија со зголемен приход за 12 проценти за разлика од 2004.
XS
SM
MD
LG