Достапни линкови

logo-print

Формиран специјален оддел во јавното обвинителство


Во обидот полесно да се решаваат проблемите со организираниот криминал и корупцијата во земјава, во јавното обвинителство се отвори оддел кој специјално се занимава со таа проблематика. Мисијата на ОБСЕ во земјава го помогна отворањето на новиот оддел во јавното обвинителство. Портпаролот Сали Браутон објаснува:

„Организираниот криминал е многу комплициран и бара многу време и работа. Тоа не е исто како кога имате поединечен криминален случај. Идејата е јавните обвинители од овој оддел да станат експерти за организиран криминал и корупција и да ја посветат целата svoja енергија и работа на оваа проблематика. Oвој оддел ќе треба да се посвети i na прекуграничната соработка, бидејќи организираниот криминал внесува мрежи и од другите земји во регионот. Повеќето земји во Европа па дури и земјите околу нас веќе имаат вакви специјализирани оддели во јавното обвинителство.“

Раководителот на одделението за организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство, Јован Илиевски вели дека работата им започнува веднаш откако ќе се добијат сознанија за кривично дело од организирана група. Но, постои ли гаранција дека овој нов оддел навистина ќе го подобри справувањето со организираниот криминал и корупцијата?


„Па, во животот за ништо нема гаранции, но праксата покажува дека кога има тим којшто работи специјално на овие долги и комплицирани случаи, дефинитивно помага во постапките во обвинителството. И аспектот на соработка е исто така многу важен бидејќи обвинителството на една земја има само едно парче од сложувалката кога се работи на пример за мрежа на трговија со луѓе, а другите земји ги имаат останатите делови од сложувалката. Значи, кога обвинителствата соработуваат за овие случаи, постапувањето е многу полесно.“

додава портпаролот на ОБСЕ.

Одделот е формиран пред три месеци, а првата размена на искуства од регионот започна со Словенија.
XS
SM
MD
LG