Достапни линкови

Западен Брег: Парламентарни избори на териториите на палестинската управа


На териториите под палестинска управа се одржуваат првите парламентарни избори во изминативе десет години. Гласањето се одвива на илјада избирачки места во Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим. Милион и тристате палестинци со право на глас избираат сто дваесет и тројца пратеници на Палестинскиот законодавен совет. Фаворити, според анкетите, се оние на владејачкиот Фатах, но и на исламистичкото движење Хамас. Изборите ги надгледуваат деветстотини меѓународни посматрачи предводени од поранешниот американски претседател Џими Картер.
XS
SM
MD
LG