Достапни линкови

logo-print

Подгорица: 44 загинати во вчерашната железничка несреќа


Во тешката железничка несреќа вчера попладне во Црна Гора загина 44 патник, а 198 се повредени. Меѓу загинатите има 5 деца, а 90 деца се меѓу повредените. Несреќата се случи кога возот излета од шините во близина на Подгорица кај местото Биоче. Во Црна Гора се превземаат мерки за помош на настраданите и семејствата на жртвите, а помош е понудена од земјите во регионот. Министерот за сообраќај на Црна Гора Андрија Ломпар поднесе оставка на функцијата наведувајќи дека несреќата се случила во негов мандат за што мора да чувствува одговорност.
XS
SM
MD
LG