Достапни линкови

Транспорт со воз или „затегнување“ на односите со СЦГ?


Надлежните инститиции сеуште ги разгледуваат можностите и начините како да се надине проблемот со транспортот на нафтат кон Косово откако српските власти не попуштат и не дозволија цистерните на ОКТА да транзитираат по нивна територија преку граничниот премин Табановце. Извесно е дека транспортот на нафта ке се врши преку железнички сообраќај но сепак се чека на конечна одлука

„Тоа што луѓето коментираат дека возот не е пуштен, а нафтата би можела да оди. Нафтата има поинаков третман, таа се пломбира во Скопје, а се отпломбира во Косово и не и треба граничен премин за да помине пасошка контрола,“

вели портпаролот на владата Агим Јонуз. Целиот проблем настана по затворањето на граничниот премин Блаце попради одрон на патот за Приштина. На Табановце српската царина пред неколку дена врати 50 цистерни нафта од ОКТА за Приштина. Проблем се пасошите на УНМИК и регистарските таблици на цистерните кои се со ознака КС ова е објаснувањето на српскките власти кое е доставено до македонскиот амбасадор во Белград. Преку Јажинце не може да се врши транспортот на нафта бидејќи не услови од другата страна на границата. Во овие моменти, возот е најизводлива варијанта, иако не се исклучува можноста цистерните со косовски таблици да бидат сменети со македонски но во тој случај Македонија треба да плати дополнителна такса која српските власти ја вовеле за транзит за стока преку нејзина територија е чија крајна дестинација е Косово.

Извори во македонската Владата велат оти се размислува и за политички одговор за Србија . Не се исклучува можноста Македонија на Белград да му се спротистави со реципроцитет. Тоа би значело спуштање на рампата за српските стоки што транзитираат низ Македонија. Србија и Црна Гора е втора на листата македонски трговски партнери, но ваквите инциденти не се ретки.

Последен пат Белград ги затегна трговско-економските односи со Македонија минатото лето, поради случајот Јован.
XS
SM
MD
LG