Достапни линкови

logo-print

Подгорица: Воз се урна во Морача - има жртви


Локален патнички воз, нешто пред 17 часот, излетал од шините и се урнал во реката Морача, во близина на Подгорица, јавуваат црногорските медиуми. Според истите извори, возот сообраќал на релација Бело Поле-Бар, а излетал од шините кај местото Биоча, во близина на Подгорица. Првичните неофицијални информации се дека во несреќата има загинати, но засега не се знае точниот број. Спасувачките екипи се веќе на местото на несреќата, но извлекувањето на настраданите е отежнато поради тешко пристапниот терен. Црногорските медиуми јавуваат дека на местото на несреќата се упатил и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
XS
SM
MD
LG