Достапни линкови

Од вечерва до петок температурите низ Македонија до минус 26


Државава од утринава, веќе е под снег, а поларните температури кои изминативе недели владеат во дел од европските земји, ќе пристигнат и кај нас. Температури од минус 15 до рекордни минус 26, веќе од вечерва ќе ја зафатат државата, најавуваат од Републичкиот Хидрометеролошки завод:

„Се очекува спуштање на утринската температура до –26 степени на повисоките места. И веќе в петок очекуваме покачување на утринската и дневната температура.“

вели Петранка Танушевска од РХМЗ. Со најавата за поларниот бран, кај граѓаните се зголемува стравот како ќе се помине грејната сезона посебно во услови на немаштија:

„Кој не зема плати којзнае како ќе се издржи“
„Една термо печка не може да го затопли целиот стан.“


велат граѓаните. Кај оние што се греат на парно, постои можност токму во екот на грејната сезона за 20% да биде зголемена цената на парното, а за останатите чиј главен извор на затоплување на домовите е електричната енергија, од Електродистрибуција велат дека се подготвени да обезбедат непречен доток на струја, но оттаму апелираат до граѓаните да се штеди и да се затоплуваат само дел од просториите. За евентуални дефекти на терен, потенцираат од
Дистрибуција обезбеден е допло поголем број на екипи, а засега оттаму не најавуваат рестрикции на струјата.
Од денеска и 320 илјади ученици во држава, седнаа во клупите и го започнаа второто полугодие. Како ќе се помине оваа најстудена недела зимава, од училиштата кои на почетокот на школската година веќе реагираа на малите буџетски средства за обезбедување на огрев, велат:

„Не само децата, ако ние немаме услови да се реализира наставата ќе се мисли и на таа варијанта,“

потенцира Љатиф Исмаил директор на средното економско училиште во Тетово.

Од Министерството за образование пак, изјавуваат дека сеуште не е утврдено, но доколку се појават проблеми поради ниските темепратури, постои можност да биде прекината и наставата.

„Ако се прогласи елементарна непогода тоа ќе важи за сите, ако дојде до прекин на наставата, таа ќе се одработи дополнително,“

изјавува Сузана Џамтовска портпарол на Министерството за образование.
XS
SM
MD
LG