Достапни линкови

Москва: Газпром го зголеми снабдувањето со гас Азербејџан


Руската државна компанија Газпром го зголеми снабдувањето со гас за Азербејџан со цел тој да дојде и во Грузија, преку алтернативни рути. По вчерашните две експлозии на гасоводот во јужна Русија, беше прекинато снабдувањето со гас за Грузија и Ерменија, а уште една екплозија на електричната мрежа го прекина и извозот на електрична енергија од Русија за Грузија. Грузискиот претседател Михаел Сакашвили изјави дека Русија ги предизвикала саботажите со цел во Грузија да биде предизвикана енергетска криза. Изјавата на Сакашвили, руското министерство за надворешни работи ја оцени како хистерична.
XS
SM
MD
LG