Достапни линкови

Букурешт: Артички студ во Романија


Романија е зафтена од артички студ, јавија агенциите, додавајќи дека температурите драстично се намалиле. Романските метеоролози предвидуваат уште пониски температури во текот на ноќта. Според нив најстудено ќе биде во северните делови на земјата, особено на границата со Молдавија и Украина. Поради обилните врнежи од снег, десетици населени реони во Романија биле отсечени од светот и не можеле да се снабдат со храна. Во меѓувреме, руските агенции јавија дека уште три лица замрзнале во текот на измината ноќ во Москва, кеде температурата достигнала до –30 степени целзиусови.
XS
SM
MD
LG