Достапни линкови

Почина претседателот на Косово Ибрахим Ругова


Претседателот на Косово Ибрахим Ругова почина денеска на шеесет и една годишна возраст, официјално е соопштено во Приштина. Претседателот Ругова болуваше од рак на белите дробови.

Заболувањето од рак кај Ибрахим Ругова официјално беше дијагностицирано во минатиот септември кој до тогаш беше познат како страствен пушач. Тој, според аналитичарите, всушност претставуваше олицетворие на борбата за независност на Косово од Србија уште од почетокот на деведесетите години од минатиот век кога започна да ги предводи ненасилните протести против тогашниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Токму со ваквиот вид на отпор Ругова се здоби со почитување кај меѓународната заедница.

„Едно независно демократско Косово, интегрирано во Европската Унија НАТО и во постојано пријателство со Соединетите Американски Држави. Тоа е политичката волја на народот и граѓаните на Косово.“

Неговата смрт доаѓа во чувствителен момент за Косово. Тука пред се се мисли на стартот на преговорите за тоа дали Косово ќе стане независно или ќе остане дел од Србија, но и на косовската политичка сцена која, според некои очекувања, може да стане место на битки за наследникот на Ругова. Досега ниту еден косовски политичар посебно не се издвои за таа функција.
XS
SM
MD
LG