Достапни линкови

logo-print

Техеран: Заврши посетата на иранскиот претседател на Сирија


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат, по дводневната посета на Сирија, денеска се вратил во земјата. За време на престојот во Дамаск тој разговарал со претставници на сириските власти, но и со лидерите на десет палестински радикални движења, вклучувајќи ги тука Исламски Џихад и Хамас. На овие средби бил критикуван меѓународниот притисок врз Иран за неговата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG