Достапни линкови

Њујорк: Анан ги повика ирачките партии да формираат влада на национална обнова


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ги повика ирачките партии да формираат влада на национална обнова. Неговиот повик дојде откако беа соопштени резултатите од парламентарните избори што се одржаа во минатиот месец. Според резултатите, сојузот на шиитите доби сто дваесет и осум, од двесте седумдесет и петте места во парламентот, што е недоволно за самостојно формирање влада.
XS
SM
MD
LG