Достапни линкови

Стразбур: Претставници на неколку земји на сведочење за затворите на ЦИА


Европските законодавци соопштија дека ќе повикаат официјални претставници на неколку европски земји и на Соединетите Држави да сведочат на јавните сослушувања околу тајните затвори на ЦИА во Европа. Од привремениот комитет на Европскиот парламент кој има мандат да собере информации, но не и да врши истрага е прецизирано дека, меѓу другите, ќе бидат поканети и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, еврокомесарот Хавиер Солана, како и лидерите на земјите за кои постои сомневање дека биле инволвирани во овој случај: Полска, Романија, Македонија и Британија.
XS
SM
MD
LG