Достапни линкови

Економската ситуација и поврзаноста на постојните банки со бизнис елитата, е една од причините


Во Македонија учеството на познатите странски брендови во областа на банкарство недостатсува. Имено, според податоците на Министерството за финансии со 38,1%, државава се наоѓа на претпоследното место од земјите во регионот според бројот на присуството на странски банки. Зошто познатите странски брендови од банкарскиот сектор, ја одминуваат земјава, а се почесто се присутни во земјите од нашето соседство?
Одговорот според економскиот експерт Џевдет Хајредини, е едноставен. Меѓу другото, главно станува збор, вели тој за ,,терен,, во кој постои поврзаност на домашните банки со политичката и бизнис елита и заштита која меѓусебно си ја нудат:

„Постојните наши бизнис елити се „врзани“ со постојните банки и ним релативно добро им е. Било какво продирање или влез на други банки, би била разместена оваа удобност на постојните банки и компании. Значи дека кај нас постои еден отпор во врска со ова.“

Потенцира Хајредини. Но, освен оваа има и повеќе други проблеми, што ја прават државава неатрактивна за влез на странските банки, од типот на светски познатите како американската Citi bank, или австриската Raiffaisen, француската Societe generale... За сите нив според експертите, малиот пазар и вкупната економска ситуација во државава се главниот проблем:

„Малиот пазар е една работа, а може да се каже дека и целата економска и политичка ситуација и ризик, се гледа од страна на банките, бидејќи банкарскиот сектор и високо ризичен сектор. “

Потенцира економскиот аналитичар Борко Ханџиски.
Апсурдот е дополнително поголем што Македонија според податоците со 21 банка се наоѓа пак на врвот на листата, односно на второто место од земјите во регионот според бројот на банки на милион жители:

„Од една страна имаме многу банки, а од друга страна повеќе од половина од банкарскиот пазар отпаѓа на двете најголеми банки. Исто така, една од тие две банки несака да се продава, а повеќето од останатите банки се мали, неатрактивни и непривлечни за странски инвеститори.“

Вели Ханџиски. Во меѓувреме од неприсуството на меѓународно познатите банки во земјава, најоштетени се граѓаните кои поради неразвиениот банкарски систем, плаќаат огромни камати, а ова влијае и на целокупниот развој на економијата во земјава, додаваат експертите.
XS
SM
MD
LG