Достапни линкови

Ќе има ли поскапување на парното греење?


Доколку досега за двособен стан од околу 60м2 сте плаќале 1 500-тини денари, со новата цена поголема за 26% топлината во зима ќе ве чини 1900-тини денари. Информацијата дека Регулаторната Комисија за енергетика одлучила парното да поскапе, веќе е тема во медиумите, но Славе Ивановски од Регулаторната Комисија демантира дека тие имаат донесено таква одлука.

„Во моментов Регулаторната Комисија работи на утврдување на процентот за кој ќе ја промени цената на енергијата и по завршувањето на пресметките ќе биде објавено дали ќе има промена и ако има за колку ќе биде промената. Дури не завршат комплетните пресметки неможеме да дадеме никакви изјави за тоа дали ќе има промена и колкава ќе биде таа. Незнам од каде се шпекулациите дека ќе има поскапување.“

Но, ако одлуката биде поскапување на цената, граѓаните велат тешко ќе се крпи крај со крај:

„Кој незима плата, нема од што да плати.“

„Скапо е, јас плаќам 2 500 денари месечно.“

„Сигурно не е оправдано, меѓутоа како што поскапуваат сите артикли, така и парното најверојатно ќе поскапи. Оваа власт е немилосрдна.“


Некои граѓани сметаат дека треба да има поскапување:

„Регуларно е према поскапувањето на струјата, да има и поскапување на парното. Нема да биде оптоварување, затоа што во буџетот можеме да заштедиме од едно, а да префрилиме на друго.“

Директорот на „Топлификација“ Димитар Хаџи-Мишев се правда и вели дека компанијата има зголемени трошоци и се создава разлика од 400-тини илјади денари, а тоа за нив е сериозен удар. Ова е трето барање на „Топлификација“ за поскапување на парното и тоа во една грејна сезона. Во првото во септември се бараше поскапување од 12%, а со второто бараните проценти беа двојно поголеми. И двете барања Регулаторната Комисија ги одби. Денеска Комсиијата ќе одржи седница, но Ивановски вели дека сеуште незнаат каква одлука ќе донесат. Времето на одржување на седницата не го соопштуваат, велат тоа било нивна интерна работа.
XS
SM
MD
LG