Достапни линкови

Багдад: Киднапирани 35 доброволци во ирачката полиција


Триесет и пет доброволци во ирачката полиција, како што јавуваат агенциите, биле киднапирани од бунтовниците во близина на Багдад. Тие биле дел од групата од над двесте волонтери кои во понеделникот биле тестирани за приклучување во полициските редови. Откако не биле примени тие на патот за дома биле пресретнати од вооружени лица и киднапирани.
XS
SM
MD
LG