Достапни линкови

Колку Владата го води транспарентно овој процес?


Неопходна ли е проджбата на македонското електростопанство, кој модул ќе биде применет, какви ефекти се очекуваат, за што ќе бидат потрошени парите од приватизација, како ќе се заштитат граѓаните од поскапувањето на цената на струјата, ова се дел од низата прашања кои си ги поставува македонската јавност од почетокот на постапката предводена од Владата за продажбата на ЕСМ за што според генералниот впечаток не се понудија целосни одговори. Министерот за економија Фатмир Бесими за Радио Слободна Европа тврди дека Владините институции покажале целосна соработка и ги објаснува причините за непходноста од приватизацијата на ЕСМ:

„Владата овој процес го води максимално транаспарентно. Зошто треба да се приватизира, останува јасно дека прво во оваа фаза предмет е само дистрибуција, понатаму продажбата треба да се направи бидејќи со тоа ќе добиеме стратешки инвеститор кој ќе го унапреди електро-енергетскиот систем.“

вели Бесими кој додава дека претстојната приватизација нема да се одрази врз граѓаните, оние што се најзасегнати:

„За граѓаните, односно социјалните слоеви за нив ќе има посебни пакети. Граѓаните исто така не треба да чувствуваат било каква грижа од тој аспект, бидејќи паралелно со ова ние работиме на стратегија за развој на гасниот систем, гасоводот и гасификацијата во Македонија.“

Но, впечатокот на стручната јавност, дел од партиите, граѓаните... останува дека Владата не покажа доволна транспарентност. Ова е мислењето и на невладината организација Транспарентност Македонија, која во изминативе месеци организираше кампања чија главна цел беше да се изврши своевиден притисок до Владата за јавност и целосна соработка по ова прашање:

„Владата и покрај желбата да биде транспарентна, досега не доволно го направи овој процес транспарентен.“

Токму поради отсуството на подлабоки анализи како ќе се одрази приватизацијата на Електрстопанството, група пратеници поднесоа иницијатива до Собранието во која се бара измена на Законот за преобразба на ЕСМ со кој имено се овозможи продажба на ова претпријатие. Пратеникот Тито Петковски кој е еден од потписниците на иницијативата вели:

„Ова значи, да се одложи продажбата практично, за некои други времиња, откако ќе се утврди што тоа ќе значи.“

Во меѓувреме лути од затвореноста на Владата, недостатокот на информации и главно убеденоста дека ,,нема потреба од продажба на македонското Електростопанство,,, граѓаните предводени од Здружението Глас за светлина, веќе трет ден ги продолжуват протестите низ Скопје.
XS
SM
MD
LG