Достапни линкови

Њујорк: Светот не е подготвен за борба против птичјиот грип


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан предупреди дека светот се уште не е подготвен да се бори против потенцијалната пандемија на птичјиот грип. Затоа тој побара од земјите да дадат повеќе пари со цел поефикасно спречување на ширењето на вирусот. Пораката на Анан беше емитувана на Меѓународната донаторска конференција за птичјиот грип што пред малку заврши во Пекинг. На неа земјите се обврзаа да дадат милијарда и осумстотини милиони долари за борба против птичјиот грип.
XS
SM
MD
LG