Достапни линкови

Пекинг: ЕУ ќе издвои 120 милиони долари за спречување на птичјиот грип


Европската Унија ќе издвои 120 милиони долари помош за спречување на ширењето на птичјиот грип. Ова е соопштено на меѓународната конференција во Пекинг, која е посветена на борбата против птичјиот грип. Светската Банка очекува да бидат обезбедени околу милјарда и 200 милиони долари за подобрување на здравствените и ветеринарните услуги во земјите во развој. Експертите предупредија дека сите држави мора да дејствуваат заеднички во битката против птичјиот грип.
XS
SM
MD
LG