Достапни линкови

Индонезија: Птичјиот грип причина за смртта на уште едно девојче


Властите во Индонезија денеска соопштија дека тестовите покажале оти птичјиот грип бил причината за смртта на едно тринаесет годишно девојче. Доколку овој резултат биде потврден од Светската здравствена организација тоа ќе значи дека во Азија досега од ова заболување починале седумдесет и седум луѓе. И во Турција се очекуваа резултатите од тестовите за вчерашната смрт на едно девојче. Ако се покаже дека станува збор птичји грип тоа ќе биде четврта жртва во Турција.
XS
SM
MD
LG