Достапни линкови

logo-print

Што подобро ја одразува волјата на народот?


Веќе извесно време во тек се разговори меѓу опозицијата и власта, за тоа какви законски решенија се потребни за да се спроведат фер и демокртски избори. Ова прашање е поттикнато откако меѓународните фактори директно посочија дека е неопходно изборите да бидат регуларни, а од нивното спроведување ќе зависи оценката за Македонија. Пропорционален или мнозински модел, полемизираат власта и опозицијата. Аргументите на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ се дека со мнозинскиот модел легитимитетот на пратениците ќе доаѓа директно од граѓаните. Со ова се согласува и професорот од државниот тетовски универзитет Осман Кадриу, кој смета дека пропорционалниот модел со кој граѓаните избираат листа на предложени кандидати не е добар:

„Најмалку се запазуваат и штитат интересите на граѓаните. Се штитат исклучиво партиските интереси. Сметам дека тоа не е целта на изборите и тоа не е она што се вика непосредни избори и право на граѓаните, волја на граѓаните. Од друга страна, се дава можност постојано исти лица да се бираат на функцијата пратеник.“

Според професорот на правниот факултет Светомир Шкариќ пак, најдобро решение е мешан систем, односно примена на пропорционалниот и мнозинскиот модел:

„Преку пропорционалниот модел би дошле до израз партиите, нивната репрезентативност и програми, а преку мнозинскиот принцип би дошла до израз волјата на граѓаните, изразена преку непосреден избор во неколку изборни единици во Република Македонија.“

Во меѓувреме, отворена е и расправата за начин на избор на членови на ДИК. Предлогот таа да се формира од државната администрација наиде на негодување од опозицијата, која смета дека сепак тоа ќе бидат партиски кадри кои ги вработува власта. Експертите пак сметаат дека ова решение е добро, зашто ги исклучува судиите и партиските кадри од изборните комисии:

„Државна администрација, департизирана, деполитизирана, тогаш ДИК не може да членови од партиите.“

„Судија не може да биде и судија и истовремено да има друга јавна функција. Од тој аспект, се коси нивното членување во комисиите со нивната функција.“


велат Шкариќ и Кадриу.
XS
SM
MD
LG