Достапни линкови

Односите со САД отворени и искрени


Германскиот канцелар Ангела Меркел е во прва официјална посета на Соединетите Држави, а во понеделник ќе престојува и во Русија. Разговорите со претседателот Џорџ Буш во Вашингтон таа ги оцени како отворени и искрени.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека е важно кога сојузниците се способни да дискутираат не само за работи за кои се согласуваат туку и за меѓусебните разлики. Во врска со актуелната ситуација и заедничката позиција по одлуката на Иран да продолжи со својата нуклеарна програма за која се стравува дека води кон изработка на атомска бомба Меркел изјави,.

„Јас мислам дека успешно поглавје, на пример, беше отворено во изминативе неколку дена и недели во однос на Иран. За нас германците е неприфатлив актуелниот став на Иран за постоењето на Израел и изјавите кои беа дадени во врска со холокаустот. И чувствуваме дека е есенцијално што европската тројка, Британија, Франција и Германија заедно со Соединетите Држави завзедоа заедничка позиција. “

Во врска со нуклеарните амбиции на Иран Меркел и Буш рекоа дека сакаат проблемот да биде решен со дипломатски средства. Германскиот канцелар Ангела Меркел од друга страна упати критики за американскиот затворски камп во Гуантанамо на Куба што Буш ги отфрли велејки дека тој е потребен за заштита на американците. Американскиот претседател зборуваше и за несогласувањата околу Ирак.

„Ние зборувавме за Ирак и ние имамве и имаме несогласувања, очигледно. Тоа е тешко прашање во нашите односи. Но и покрај несогласувањата ние ја делиме желбата ирачкиот народ да живее во слобода и јас сакам да и се заблагодарам на германската влада за помошта во обновата на Ирак.“

По посетата на Соединетите Држави германскиот канцелар Ангела Меркел ќе ја посети и Русија.
XS
SM
MD
LG