Достапни линкови

Западниот Балкан приоритет за Австрија


Западниот Балкан е меѓу главните приоритети на Австриското претседавање со ЕУ ова во скопје го повтори и австрискиот амбасадор во Филип Хојос кој укажа на фактот дека Македонија мора да работо интензивно на спроведување на неопходните реформи. Датумот за преговори не завси од нас како земја претседавач туку од Европската Комисија додаде амбасадорот Хојс
„Ова е процес во кој мора да се направат реформите за вашето членство да стане реалност и да стигнете до ситуација во која ке ви биде даден датум за почеток н преговорите. Роковник за неопходните реформи веке постои и ние можеме да ве водиме и едноставно да ви покажеме во кои насоки треба да се движите.Во моментов и во наредните шест месеци најважна задача на македонскта влада е да покаже дека таа навистина сака да се движи во овие насоки и дека сака да ги реализира неопходните реформи кои беа посочени и во мислењето на Европската комисија.Сакам да споменам дека право на комисјата е да предложи датум за почеток на преговорите тоа не е работа на земјата претседавач на унијата. Претседачот може да го олесни , може да помиогне, може да побара од комисијата да стори нешто, но работа на комисијата е да предложи датум,“

изјави амбасадорот Хојс

Од друга страна и експертите од земјава се согласуваат оти Македонија мора да продолжи со реформите во сите области а не да го стави акцентот само на престојните парламентарни избори во нејзиниот пат кон ЕУ. Професорот Билјана Ванковска која смета дека за добивање датум за почеток на преговорите со Унијата ке ни бидат потребни неколку години а за тоа време немаме право на грешки.
XS
SM
MD
LG