Достапни линкови

logo-print

Техеран: Повторни најави за продолжување на нуклеарните активности


Иран ќе истрае во решението да продолжи со нуклеарните истражувања и покрај силната осуда на светските лидери, изјави поранешниот претседател Акбар Рафсанџани кој го раководи главното иранско арбитражно политичко тело. Тој ги повика западните нации да не прават нешто за што би зажалиле. Портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан изјави дека Иран ризикува ескалацијата да заврши со санкции од Советот за Безбедност на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG