Достапни линкови

logo-print

Јавниот обвинител Прчевски вели дека ќе преземе соодветни постапки


Незаконски набавки паушално префрлање на пари, набавки во ,,четири очи,, без тендерска постапка, ова се само дел од неправилностите утврдени од страна на Државниот завод за ревизија во извештаите за финансиското работење на владините министерства објавени кон крајот на минатата и почетокот на оваа година. Министерството за здравство, Министерството за одбрана, министерството за транспорт и врски, се дел од буџетските корисиници кај кои ревизорскиот завод утврди повеќе неправилности при финансиското работење. Јавниот обвинител Александар Прчевски за Радио Слободна Европа изјавува дека обвинителството е должно и ќе постапи и во однос на овие најнови случаи на незаконско работење на дел од министерствата.

„Јавното обвинителство е должно да постапи во сите случаи без исклучоци. Секогаш кога се доставени такви извештаи Обвинителството врши проверки.“

Потенцира Прчевски. Во врска со најновите случаи за финансиски неправилности во работењето на министерствата во Антикорупциската комисија велат дека ревизорските извештаи веќе се разгледуваат, но сеуште, вели првиот човек на Комисијата Михајло Маневски, се прибираат одредени податоци. Тој потенцира дека не само за последните туку и во случај на претходните ревизорски извештаи Комисијата секогаш реагирала.

„Ние сме реагирале по повеќе извештаи за укажувања за незаконитости. Тоа е една редовна комуникација за следење на извештаите.“

Јавниот обвинител Прчевски пак, неможе да се сети на конкретна одговорност понесена од лицата одговорни во буџетските институции за чие работење Државниот завод за ревизија не само оваа туку и во изминативе години утврдило одредени неправилности:

„Не ме држете за збор. Има сигурно има, меѓутоа тоа треба да се провери, сега немам податок за конкретни предмети.“

изјавува Прчевски. Праксата на неказнивост кога станува збор за злоупотребите во владините министерства, во спротивно тоа ќе биде своевидна потврда дека државата не е на добар пат во воспоставување на правото,, заклучува Зоран Јачев од Транспарентност Македонија:

„Меѓутоа она што го видовме на дело е една култура на неказнивост, односно луѓето кои се посочени како извршители на такви неправилности досега не одговараа.“

вели Јачев.
XS
SM
MD
LG