Достапни линкови

Државата ќе ги продава скопски аптеки


Државата ќе ги продава скопските градски аптеки најдоцна до крајот на овој месец. Според министесртвото за здравство триесет и осумте аптеки ќе се продаваат по моделот 75 осто на берза а другите 25 отсо се на вработените од кои 5 отсо ќе ги добиваат гратис а останатите, 20 проценти ќе се можат да ги купат со попуст од 30 отсо. И досегашната приватизаџција на аптеките се одвиваше по истиот модел. Претседателот на самостојниот синдикат за здравсртво Симе Сиљановски критикува. Нивниот став е дека вработените треба да имаат подобри услови за купување на акциите:

„Ние баравме десет посто гратис, 30 посто попуст, и остануваше 11 насто, што требаше да ги допрецизираат основните позиции за носење на управувачкиот борд во аптеките. Државата требаше да најде начин по однос на моделот, по самото приватизирање да се доближат објектите до оние кои работат во нив и да може да станат сопственици. Но, се случи богатите да станат побогати, а средниот слој да стане посиромашен, тоа е чиста утка и оваа држава треба да води сметка и да создава среден слој.“

Вработените пак во аптеките новиот сопственик ќе има обврска да ги задржи најмалку една година а пет години не смее да ги прогласува за технолошки вишок.
Сиљановски вели дека во овој дел се почитиваат евроспкуите синдикални права

„Ние нагласивме дека промена на дејност не треба да има во тој рок.“

Според портапролката на министерството за зрдавство Даниела Алексовска моделот на приватизација не се менува затоа што сите аптеки досега боле приватизирани на таков начин. За другите обвинување од страна на сојузот на синдикати и за подетални информации околу приватизацијата од министертвото не сакаа да коментираат.
XS
SM
MD
LG