Достапни линкови

Техеран: Иран ги отстрани пломбите на некои нуклеарни постројки


Иран ги отстранил пломбите на некои нуклеарни постројки и соопшти дека од денеска ги обновил нуклеарните активности. Сепак, ирански официјален претставник нагласи дека и натаму е суспендирано производството на нуклеарно гориво. Портпаролот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мелис Флеминг изјави дека е отворена постројката Натанз, каде што се врши збогатување на ураниум.
XS
SM
MD
LG