Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Состојбата на Шарон критична но стабилна


Израелскиот премиер Ариел Шарон и натаму е во критична но стабилна здравствена состојба, соопшти лекарскиот тим од болницата во Ерусалим. Во тек се напорите Шарон да биде разбуден од медицинската кома, по што би можело да се утврди колкави оштетувања предизвика тешкиот мозочен удар. Во меѓувреме, Соединетите Држави испратија двајца свои дипломати на Блискиот Исток на разговори со израелците и палестинците за обновување на мировниот процес.
XS
SM
MD
LG