Достапни линкови

Анкара: Расте бројот на заболени луѓе птичји грип


Во Турција расте бројот на заболените луѓе од птичји грип, но властите велат дека нема знаци оти болеста се пренесува од човек на човек. Денеска е соопштено дека е регистиран уште еден случај во централниот дел на земјата, со што вкупно 15 лица, претежно деца, се заболени од птичји грип. Европската Унија го забрани увозот на живина од Турција, Азербејџан, Ерменија, Грузија, Сирија, Иран и Ирак. Во меѓувреме, Ураинските власти објавија денеска дека е откриено ново жариште на смртоносниот вирус Ха5 Ен 1 во три живинарски фарми на Крим. Вирусот на птичји грип е откриен во 14 села на Крим, но досега во Украина нема заболени луѓе.
XS
SM
MD
LG