Достапни линкови

Анкара: Ќе биде ослободен атентаторот на Јован Павле Втори


Човекот што во илјада деветстотини осумдесет и првата година го изврши атентатот во кој беше ранет Папата Јован Павле Втори, во текот на неделава ќе биде пуштен на слобода. Мехмет Али Агџа од две илјадитата година е во затвор во Турција поради убиство на еден турски новинар што го изврши пред атентатот врз Папата. За овој атентат Агџа скоро дваесет години беше во затвор во Италија. Се уште не е откриено кој бил мотивот за атенттатот.
XS
SM
MD
LG