Достапни линкови

logo-print

Иран: Повторна најава за продолжување на нуклеарните активности


Иран соопшти дека е подготвен да ги отстрани печатите на Обединетите Нации и да ги продолжи нуклеарните истражувања. Претходно Европската Унија и Соединетите Држави го предупредија Иран дека таквиот чекор ќе ги минира напорите за дипломатско решавање на иранското нукеларно прашање. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи изјави дека светот го губи трпението поради тоа што Иран не е транспарентен во врска со неговите нуклеарни активности.
XS
SM
MD
LG