Достапни линкови

Докторите во земјата предупредуваат дека тој би можел да продолжи да се шири


Вирусот на птичјиот грип се повеќе се шири меѓу луѓето во Турција. Први случаи веќе се појавиле и во главниот град Анкара. Докторите предупредуваат дека птичјиот грип би можело експресно да се рашири меѓу живината во урбаните средини особено во периодот на прославата на Курбан Бајрам.

Турските власти веќе соопштија дека две деца и еден возрасен маж од Анкара на тестовите покажале дека се заразени од смртоносниот вирус Ха пет Ен еден. Нови случаи биле откриени и кај други пет лица во провинциите кај Црно Море. Со тоа бројот на луѓето во таа земја заболени од птичјиот грип изнесува четиринаесет. Најмалку две од нив, станува збор за деца, починале од ова заболување. Турскиот министер за здравство Реџеп Акдак за време на посетата на источната провинција Ван, од каде што биле заболените деца изјави дека се уште не постојат индикации дека болеста почнала да се пренесува од човек на човек.

„Типот на овој вирус на птичјиот грип не е пренослив од човек на човек. Фала му на Господа што преносливоста е многу ниска. Сепак ние мора да бидеме претпазливи.“

Изјави министерот Акдаг. Докторите велат дека жртвите во Турција се заразиле во директен контакт со заболени пилиња. Се страхува дека птичјиот грип би можело побрзо да се шири меѓу живината во урбаните средини особено за време на претстојните празници кога милиони овци и кози ќе бидат жртвувани по повод Курбан Бајрам. Доктор Генсај Гурсој вели дека вирусот може да се транспортира и преку волната на овој вид стока.

„Тоа е неизбежно. Во источните и во југоисточните региони конатктите со стоката и со живината е дел од животот на луѓето. Некаде тие заедни живеат под ист покрив. Изметот на живината која е заразена може да се пренесува и преку крзното на животните.“

Болеста веќе се појави во европскиот дел на Истанбул, што е најзападна точка во Турција во која досега е откриено присуството на птичјиот грип. Во министерството за земјоделство проценуваат дека вирусот засега е присутен во десет од осумдесет и една турска провинција.
XS
SM
MD
LG