Достапни линкови

logo-print

Ветеринарните служби во земјава, велат дека нема место за паника


После смртта на трите деца во Турција заболени од вирусот на птичјиот грип и после шесте нови инфицирани случаи, повторно се актуелизира прашањето како се заболува, преку што и како може да се заштити човекот. Доктор Александар Стојанов директор на Градскиот Завод за здравстена заштита, вели дека иако се работи за Балканот сепак не постои голема опасност за Македонија. Тој потсетува како човекот да се заштити:

„На нашите простори сеуште немаме регистриран случај ниту на птичји грип, ниту на хуман грип. Ова што се случува во подалечното соседството, е последица на директен контакт со живина која веќе била заболена од птичји грип. Совет би бил да не се доаѓа во директен контакт со најчесто диви птици или мртви птици, за кои не е утврдено од што се починати, додека што се однесува до храната, таа добро се обработува термички и непостои страв дека луѓето може и така да се разболат. Значи единствено сега за сега треба да се внимава да не се дојде во контакт со мртви птици.“

Октомври мината година пак, беше месец на паника меѓу луѓето не само кај нас туку и во цела Европа. Тогаш и владите на речиси сите држави од континетот набавија резерви од лекот Тамифлу на швајцарката компанија Рош за кој што се смета дека е нај делотворен. Но, во медимите почна да се зборува дека ни тој не пружа доволна заштита. И Македонија има набавено резерви од овој лек. Доктор Стојанов објаснува дека и Тамифлу си има свои мани:

„Не мислам дека лекот не е делотворен, но маната е што тој цело време во текот на сезоната треба да се пие, за да се заштити човекот. Најадеквтана заштита во случај на птичји грип, настрана хуманиот грип кој што го имаме во текот на сезоната, најдобра заштита е сепак вакцината.“

Ветеринарните власти смируваат.Директорот на Управата за ветеринарство Слободен Чокревски вели, состојбата ја имаат под контрола:

„Забраната за увоз на птици и живина од Турција е на сила уште од октомври. Ние меѓудругото воведовме и целосна будност на Аеродромите, а во соработка сме и со Царинската Управа и тие се известени дека луѓето кои што доаѓаат од Турција не смеат да носат живинско месо и тоа веднаш се запленува на самата граница.“

Нови случаи пак на смрт кај живината нема пријавено:

„Извршивме неколку испитувања и на диви птици и на домашна живина и состојбата сега за сега е нормална и нема ништо алармантно.“

објаснува Чокревски.
XS
SM
MD
LG