Достапни линкови

Софија: Бугарија ја отрфли намерата на Газпром за пораст на цената на гасот


Министерот за економија и енргетика на Бугарија Румен Овчаров соопшти дека се отфрла намерата на руската компанија Газпром за пораст на цените на гасот кој во поголем дел е со цена пониска од пазарната. Според Овчаров, Газпром бара пазарна цена за гасот, а сака да плати за транзитот што е спротивно на договорот кој важи до 2010 година. Преставници на Газпром денеска не се достапни за коментар. Бугарија инаку е речиси целосно зависна од рускиот гас, а таа е и транзитна рута за соседните Турција, Грција и Македонија.
XS
SM
MD
LG