Достапни линкови

Ерусалим: Во тек нова операција за запирање на изливот на Шарон


Врз израелскиот премиер Ариел Шарон е во тек операција за да биде запрен новиот излив на крв во мозокот откако лекарите утврдија влошување на неговата состојба. Тој повеќе од 24 часа се наоѓа во длабока кома по првата операцијата во четвртокот за запирање на крварењето на неговиот мозок. Владата во меѓувреме соопшти дека општите избори во Израел ќе бидат одржани, според планот, на 28 Март. Според истражувањата на двата водечки израелски весници Хааретц и Једиот Ахронот, новата центристичка партија на Шарон со него или без него на чело, лесно ќе победи на изборите.
XS
SM
MD
LG