Достапни линкови

Свет: 2005-тата најсмртоносна за новинарите


Две илјади и петта беше најсмртоносна година за новинарите во светот во изминатава деценија. Имено, најмалку шеесет и тројца новинари и петмина нивни асистенти биле убиени додека ја вршеле својата работа или пак поради тоа што го изразувале своето мислење, се вели во новиот извештај на Репортери без граници. Во извештајот се додава дека трета година едно по друго, Ирак е најопасното место за медиумите.
XS
SM
MD
LG