Достапни линкови

Атина: Две експлозии, нема повредени


Во Атина експлодираа две бомби поставени од грчката анархистичка Анти државна правда при што се оштетени канцелариите на владеачката Нова демократија и неколку возила. Една од бомбите беше поставена под фински дипломатски автомобил на паркинг пред резиденцијата на финскиот конзул Лена Вуорио, но никој не беше повреден. Финскиот амбасадор изјави дека смета оти целта не била Финска, амбасадата или конзулот.
XS
SM
MD
LG