Достапни линкови

Москва: Русија ќе го обнови нормалното снабдување со гас


Русија денеска соопшти дека има намера да го обнови нормалното снабдување со гас за европските држави и покрај проблемот со Украина. Државната компанија Газпром во неделата ја запре испораката за Украина поради несогласувањата околу цената на гасот. Неколку европски земји пријавија намалено снабдување, а Русија ја обвини Украина дека краде гас преку гасоводите кои транзитираат низ нејзина територии што Киев го негираше. Околу 25 насто од потребите за гас Европа ги подмирува од Русија.
XS
SM
MD
LG