Достапни линкови

logo-print

Земјотрес во Пакистан и ураган во САД


На 8 Октомври 2005 се случи замјотресот во Пакистан во кој загинаа 73 илјади лица, а милиони останаа без покрив над главата. Од другата страна на светот во Соединетите Држави Ураганот Катрина го уништи поголем дел од јужниот брег на Заливот и го поплави Њу Орлеанс. Дописниците на Слободна Европа разговараа со обичните луѓе зафатени од овие две најголеми природни катастрофи во во светот во 2005 година.

Мохамад Ибрахим бил надвор пред својот планински дом во пакистанското село Рееиам на 8 Октомври кога земјата почна да се тресе.

„Беше 9 и 30 наутро. Земјата се тресеше толку многу што бев фрлен долу. Кога запре тресењето видов дека мојата куќа е урната. Сите куќи беа урнати. Ги побарав моите деца и дознав дека две мои ќерки и внуката загинале.“

Околу 25 негови роднини загинаа во катастрофалниот земјотрес во Пакистан, а Ибрахим за неколку минути го загуби и својот дом и начинот на живот. Неколку денови жителите на Балакот немаа храна а оваа провинција блиску до епицентарот уништена и блокирана беше вистински симбол на уништувањето и предизвик за спасувачите и хуманитарните работници. Ибрахим е меѓу многуте бегалци и живее во засолниште во Шинкиари и од помош од пакистанската влада и странските хуманитарни агенции како што е холандската католичка Кордаид. Тој вели би сакал да се врати во селото но иднината е несигурна, бидејќи се е уништено.

„Ние зависиме од господ, од луѓето, од владата и организациите кои можат да помогнат. Се надеваме дека ќе се вратиме во селото, во мирниот живот каде што имавме се и немавме потреба од туѓа помош. Не сакаме да молиме за помош довека.“

Од друга страна 53 годишната Хати Бритон која живееше и работеше во Њу Орлеанс вели дека не била свесна оти ураганот Катрина ќе удри во Заливот. Таа вели имаше толку урагани и во минатото што решила да не обрнува внимание.

„И дури и тогаш не ме погоди опасноста која се приближуваше. Всушност, тоа неделно утро станав и се упатив во црква. Беше тоа за службата во 7 часот. Времето беше прекрасно. Се вратив од црквата и излегов нешто да побарам. И се беше затворено, продавницата, бензиската станица.“

Ден потоа на 29 Август Ураганот Катрина ја погоди Луизијана и блиското езеро и водата навлезе во пониските делови на градот. Едно од првите поплавени населби беше каде што е и куќата на Хати Бритон. Воените спасители дејствуваа и таа следните два месеци ги мина на различни места во Арканзас, а потоа и во главниот град на Луизијана Батон Руж каде што можеше да ја продолжи својата работа како сметководител на Универзитетот на Њу Орлеанс.

„За цело време, јас не бев повредена, не бев гладна. Видов толку многу сочуство.“

Тешко оштетена од водата куќата на Хати Бритон во Њу Орлеанс е во фаза на реконструкција. Обновата ја плаќа Американската федералната агенција за менаџирање со итни ситуации.
XS
SM
MD
LG