Достапни линкови

logo-print

Брисел: Австрија од денеска претседавач со ЕУ


Австрија денеска го презеде шесетмесечното претседавање со Европската унија, а приоритети на земјата ќе бидат Европскиот устав и иднината на Европа.Според австрискиот министер за надворешни работи Урсула Пласник, за време на претседавањето на Австрија со ЕУ ќе биде донесена конечната одлука дали Бугарија и Романија во 2007 година ќе станат членки на Унијата. Покрај тоа, официјална Виена ќе настојува да воспостави и поблиски врски со балканскиот регион и внимателно ќе ги следи преговорите на Обединетите нации за иднината на Косово. Изминатите шест месеци претседавач со Европската унија беше Велика Британија.
XS
SM
MD
LG