Достапни линкови

logo-print

Свет: Инциденти во Франција, Германија, Холандија и на Филипините


Во текот на новогодишната ноќ во Франција биле опожарени 425 автомобили, соопшти денеска генералниот директор на Француската полиција Мишел Годен. Според Годен, 177 автомобили биле опожарени во париската област Ил де Франс, а останатите во други делови во земјата. Во Берлин за време на новогодишната прослава 722 лица биле повредени во тепачки и во други инициденти предизвикани под дејство на алкохол и поради употреба на пиротехнички средства. Две лица загинаа, а околу 100 се уапсени поради тоа што предизвикале и учествувале во тепачки во текот на новогодишната ноќ во холандскиот град Ротердам. На Филипините повеќе од 600 лица се повредени на новогодишниот пречек. Повеќето од луѓето се повредени од пиротехнички средства, додека 19 од нив се здобиле со прострелни рани од заскитани куршуми.
XS
SM
MD
LG