Достапни линкови

Багдад: Пет експлозии, осум лица повредени


Осум лица се повредени денеска во експлозии на четири автомобили бомби на различни локации во Багдад. Експлозија на бомба се случи и во источниот дел на ирачката престолнина. Засега нема други детали за експлозиите. Во Багдад синоќа е убиен синот на палестинскиот културен аташе во Ирак, соопшти денеска палестинската Амбасада во Ирак. Палестинската Амбасада побара почеток на истрага за случајот, изјави палестинскиот амабасадор Далил ал Кусус.
XS
SM
MD
LG