Достапни линкови

Лондон: Од денеска штрајк на вработените во лондонското метро


Вработените во метрото во Лондон денеска почнаа штрајк, кој се очекува во вечерните часови во целост да го парализира движењето на возовите. Се очекува, штрајкот да продолжи во наредните 24 часа бидејќи повеќето од барањата на вработените во метрото се однесуваат на мерките за безбедност. Со одлука на градоначалникот на Лондон Кен Ливингстон се пуштени дополнителни автобуси на линиите кон и од центарот на престолнината, а превозот ќе биде бесплатен. Десетици илјади жители и гости на Лондон се подготвуваат да ја пречекаат Новата 2006 година на плоштадот Трафалгар.
XS
SM
MD
LG