Достапни линкови

Без коментар за бесмислици и несериозни изјави


Премиерот Владо Бучковски претседателот Бранко Црвенковски немаат коментари за вчерашната изјава на бившиот премиер и неформален лидер на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски:

„Не коментирам бесмислици, беше ироничен и може само да коментираме дека бесмислиците во моментов не и се потребни на Република Македонија,“

вели премиерот Бучковкси. И претседателот Црвенковски со сличен коментар:

„Немам ама апсолутно никаков коментар во однос на изјавата на Георгиевски.“

Во интевјуто пак за телевизијата Канал 5, Георгиевски изјави:

„Јас заедно со господинот Бучковски, господинот Верушевски и господинот Бојчевски ја направивме аферата тајни сметки на господинот Хари Костов и господинот Бранко Црвенковски.“

Ова што го рече Георгиевски и Јавниот обвинител Александар Прчевски не сака да го коментира затоа што како што вели не било сериозно. Тој речиси еден месец од кога неделникот Фокус ја објави аферата е критикуван од медиумите затоа што не поведе никава постапка. Од државната антикорупциската комисија пак велат не коментираат изјави дадени во медиуми. Немаат коментар ниту од Министертвото за внатрешни работи каде што се вработени посочени Бранко Бојчевски и Зоран Верушевски. Уште една информација околу аферата банкарски сметки и во денешниот Дневник кој повикувајки се на свои извори пиШува дека кривичната пријава за фалсификат која ја поднесе претсеадетлот Црвенковски против директорот на недлникот Фокус Никола Младенов е отфрелна. Црвенковски вели дека според неговите информации за пријава која Што ја поденсе сдеуШте не е распаравоно ниту во обвинителството а камо ли точно да се знае како ке заврши

„Индикативно е како тоа некои високи обвинителски кругови, уште во овој момент, пред да се расправа и одлучува во обвинителството по конкретниов случај, точно знаат како ќе заврши целата работа. Јас не ја исклучувам можноста она што е објавено во денешен Дневник се случи. Уште еднаш републичкото обвинителство да се прогласи за ненадлежно и да се вклучи во процес во којшто од една страна или има криминал или корупција, или од друга страна има фабрикување на фалсификати. Кога ја поднесував крицичната пријава јас јавно кажав дека тоа е уште една можност обвинителството да почне да си ја врши својата работа, но тоа е друга тема, за друг тип расправа и надлежност на други институции. Она што сега можам даз го соопштам е дека останува онаа најавена алтернатива, а тоа е покренување приватна тужба за клевета,“

објаснува Црвенковски.
XS
SM
MD
LG