Достапни линкови

logo-print

Забрането емитување западна музика на државната телевизија


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат и забрани на националната куќа да пренесува западна и декадентна музика. Наместо тоа, таа треба да ја промовира добрата иранска музика и песни кои потсетуваат на некогашната револуција. На медиумот му е даден рок од шест месеци да ја обнови својата програмска шема и да се привикне на новите правила.

Во резолуцијата на Иранскиот Врховен Културен Совет пишува промоција на декадентна и западна музика треба да се избегнува, а акцент да се стави на авторска, уметничка, класична и добра иранска музика! Последниве години, Иранската радио телевизија, пренесуваше само инструментали од западните поп песни, како и техно и хаус-ритми. Никој не знае дали новиот указ сосема ќе го ограничи слушањето на оваа музика. Пеџман Акбарзадех е млад музичар од Техеран и член на здружението Уметници без граници. Тој вели дека не е сосема јасно, каков вид на западна музика ќе се забрани да се пренесува на ирачките медиуми.

„Ова правило кое е донесено сега ме потсетува на едно друго правило од раните денови на револуцијата, со кое се забрануваа музичките парчиња кои не ги почитуваат исламските принципи. И ова правило не е доволно јасно како и тогашното. Затоа, сите се збунети и не знаат каква музика ќе биде забранета.“

И Сохраб Мехраби, музичар во еден рок бенд во Иран изразува збунетост околу новото правило.

„Според мене, ова не е ништо ново. Од секогаш постоеше согласност дека не треба да има западна музика. Не знам зошто има нова забрана.
Ако подобро се разјасни што значи таа, ќе биде поубаво за секој.“


Повеќето форми на западна музика беа забранети во Иран уште од основањето на оваа исламска република. Овие рестрикции важеа за време на владеењето на претседателот Мухамед Катами.
Денес, многу млади ирачани имаат пристап до западната музика преку сателитските канали, како и преку пазарот на црно на музички цедиња.
Во октомври, Врховниот културен револуционерен совет донесе забрана
за западните филмови, за кои сметаше дека ја деградираат вистинската култура на Иран и шират пропаганда за Америка, која Советот ја нарекува светски тиранин. Младиот музичарот Акбарзадех вели дека не е јасно како оваа нова резолуција ќе се спроведе во практиката.

„Во моментот има само разговори на оваа тема, но практично не е направено ништо. Затоа не можеме да коментираме. Треба да почекаме и да видиме. Луѓето сакаат да видат што ќе се случи во праксата и тогаш ќе кажеме дали овие политики водат кон нови ограничувања или културните активности, особено на полето на музиката, ќе продолжат како и порано во Иран.“

Минатиот месец министерот за култура, Мухамед Сафар Харанди, изјави дека ќе се ослободи од официјалните лица во министерството кои не ги заштитиле исламските вредности. Некои велат дека културата нема граници, но ние сакаме кино и театар кои се согласуваат со нашите религиозни верувања, изјави Харанди.
XS
SM
MD
LG