Достапни линкови

logo-print

Свет: Католиците го празнуваат Божик


Ѕвона на мирот се слушнаа во Витлеем и Ватикан во знак на христијанскиот празник Божик, кој денеска го слават припадниците на католичката вероисповед. Во Витлеем, градот во кој се верува дека се родил Исус, синоќа се одржа божиќна миса на која присувствувале околу 30 000 посетители меѓу кои и палестинскиот лидер Махмуд Абас.
Својата прва божиќна миса во базиликата Св. Петар во Рим, синоќа ја одржа и папата Бенедик 16 кој ги повика сите католици да бидат светилници на мирот. Таму каде што има љубов има и светлина, таму каде што има омраза, народот живее во мрак, истакна папата Бенедик 16. На сите граѓани со католичка вероисповед, празникот им го честита и бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов кој синоќа одржа литургија и упати божиќна честитка до нив.
XS
SM
MD
LG